Следи нѐ
To Top

Електричен уред што емитувал сигнал причина за одложување на летот на „Туркиш ерлајнс“

Откако низ медиумите се прошири информацијата за дојава на бомба на скопскиот аеродром на вечерниот лет на компанијата „Туркиш ерлајнс“, од Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека не станува збор за дојава на бомба, туку за безбедносна процедура за проверка на авионот, откако се пронашол мобилен електричен уред кој емитувал сигнал.

Според безбедносната процедура, пред да влезат новите патници во авион, обезбедувањето морало да изврши проверка и да го отстрани мобилниот уред.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.