Следи нѐ
To Top

Епл ќе ги замени батериите за Ајфон 6С кои ненадејно се гасат

Компанијата Епл нуди замена на батериите за Ајфон 6S на корисници чиј уред нагло се гаси. Ова е втора ваква понуда на Епл, а доаѓа по само неколку дена откако се појавија проблеми со екраните на Ајфон 6 плус. 

„Утврдивме дека кај многу мал број на уреди Ајфон 6S може да дојде до неочекувано гасење. Тоа не е безбедносен проблем и се однесува само на уреди со ограничен сериски број кои се произведени од септември до октомври 2015 година” – наведено е во соопштението на Епл.

Понудата може да се искористи на глобално ниво. Корисниците можат да одат до сервисните центри на Епл каде ќе бидат проверени сериските броеви на телефоните за да се утврди дали постои проблем со батеријата.

Епл ги советува корисниците да направат безбедносна копија на своите Ајфон 6S и да ја исклучат опцијата „Find my iPhone” пред да го предадат на сервис. Меѓутоа, ако телефонот има напукнат екран или било кој друг проблем, мора да се поправи пред да се замени батеријата, а тоа корисниците мора да го платат.

Корисниците кои платиле за замена на батеријата можат да се обратат на Епл за да им се вратат парите.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

error: Содржината е заштитена со авторски права.