Следи нѐ
To Top

НОВ СКАНДАЛ: Џастин Бибер му удри тупаница на обожавател во Барселона! (ВИДЕО)

Is it too late now to say sorry (Дали е доцна да се извиниш)? Тоа се твои зборови, Џастине!

Во моментот кога го пофаливме Џастин Бибер за изненадувањето кои им го приреди на фановите во Италија (а за кое можете да прочитате со клик ОВДЕ), се случи ова – пред концертот кој во вторникот се одржа во Барселона, младиот пејач со тупаница удрил еден од обожавателите.

Во моментот кога Џастин го отворил прозорецот на неговиот автомобил за да се поздрави со обожавателите, едно момче ја подало раката во неговиот автомобил, по што доби жесток удар од Бибер.

Целата ситуација била снимена од локалните медиуми, но и обожавателите кои биле присутни на паркингот, додека на една од снимките се гледа раскрварената уста на момчето.

Неофицијално, Џастин Бибер се исплашил од подадената рака, која наводно му го нарушила приватниот простор, па инстинктивно реагирал за да се заштити.

Се надеваме дека во текот на концертот му ја посветил песната „Sorry“ на удреното момче!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

error: Содржината е заштитена со авторски права.