Следи нѐ
To Top

Од понеделник заладување со врнежи од снег!

Од петок попладне и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд со слаб, а во западните и јужните делови и со умерен интензитет. За време на викендот сè уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.

Во понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север, што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата.

Врнежите во попладневните часови на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Од вторник ќе биде многу студено и ветровито, а можно е провејување на снег и во пониските делови.

Дневната температура на некои места ќе се задржи околу нулата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.