Следи нѐ
To Top

ФБИ одлучи да не покренува обвиненија против Бред Пит

Федералното истражувачко биро на САД (ФБИ) одлучи да не покренува обвиненија против холивудскиот актер Бред Пит поради наводно семејно насилство, односно скандал којшто наводно се случил на приватниот авион, пренесува ТАСС.

ФБИ сношти излезе со соопштение дека по првичната истрага, е решено таа да се прекине. Според извори запознаени со обвиненијата, тие се однесуваат на поведението на Бред Пит кон неговиот 15-годишен посинок Медокс за време на рекреативен лет во септември. Неколку дена подоцна, Анџелина Џоли поднесе документи за развод.

Нејзиниот адвокат изјави за јавноста дека таа тоа го прави „во име на семејството“. Портпаролот на Пит одби да одговори на таквите коментари.

Старателството за шесте деца на двојката е главното прашање во бракоразводната парница.

Џоли бара целосно старателство, а нејзиниот поранешен сопруг – заедничко старателство. Процесот се води во суд во Калифорнија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

error: Содржината е заштитена со авторски права.