Следи нѐ
To Top

Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и функционира нормално

Аеродромот „Александар Велики“ е отворен и ависообраќајот функционира нормално, по вчерашното одложување на летот на „Туркиш ерлајнс“ за Истанбул, соопшти ТАВ Македонија.

– Во текот на редовната безбедносна проверка на авионот за вчерашниот (23 ноември) вечерен лет кон Истанбул беше пронајден оставен мобилен телефон. Поради безбедносните правила на авиокомпанијата и одлуката на капетанот, леталото се врати во позиција на паркирање за да се изврши дополнителна контрола. Ова е стандардна меѓународна процедура што се спроведува во име на безбедноста на леталата и на патниците. Поради неа, летот беше одложен. Откако сите услови беа исполнети, капетанот одлучи да продолжи со летот и авионот во средата во 22:56 часот полета кон Истанбул, наведуваат од ТАВ Македонија.

Нагласуваат дека малите одложувања на одредени летови видливи на аеродромската вебстраница се од вчераутро. Тие се резултат на густата магла и воопшто не се поврзани со одложениот лет кон Истанбул.

Со авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој привремено беше задржан синоќа на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, за Истанбул требаше да отпатува и делегација предводена од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Од кабинетот на шефот на државата информираа дека поради безбедносните процедури, претседателот Иванов и членовите на делегацијата не отпатуваа за Истанбул од каде требаше да заминат за Мадагаскар на Самит на франкофонијата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.