Следи нѐ
To Top

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Денеска облачно со врнежи од дожд – од понеделник заладување и снег!

Времето во Македонија утрово е облачно, само во источните делови на места е умерено облачно. Во Пелагонија и во Претор има магла со ограничена хоризонтална видливост од 50 метри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во 7.30 часот најниска темпертаура од минус четири степени е измерена во Берово. Нула степени се измерени во Тополчани, Крива Паланка и Ѓуриште, еден степен во Прилеп, Пожаране и Гевгелија, два во Тетово и Битола, три степени во Штип, Дојран и Куманово, четири во Маврово, Демир Капија, Скопје Струмица и Претор и пет степени во Охрид, Лазарополе и Крушево.

УХМР за денеска најави променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне почнувајќи од запад ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите подрачја. Максималната температура ќе се движи од 8 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаба магла. Во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. Утре ќе се задржи променливо облачно и се уште релативно топло време, петпладне со локален слаб дожд.

Од понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во централните делови од земјата. Во вторник и среда ќе биде студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.