Следи нѐ
To Top

Девет бизарни работи кои вашето тело ги прави, а вие не можете да ги спречите

Човековото тело е многу сложена „машина“ кое во целост тешко може да го разберат дури и експертите.

Меѓу другото, тоа е способно да се брани од различни „напади“ 24 часа дневно, со помош на различни одбрамбени механизми кои често дури не ги препознаваме како такви.

На овие девет работи кои вашето тело самоволно ги работи, вие обично не можете премногу да влијаете, но знаете ли зошто воопшто тоа се случува?

1. Прозевање – експертите велат дека човекот зева во ситуации кога нашиот мозок доживува „преоптоварување“, односно кога „ќе се прегрее“.  Зевањето придонесува за „ладење“.

2. Кивање – причини се алергени, микроби, прашина и други иританти напади, а кивањето е метод со кој чоечкото тело се ослободува од тоа „ѓубре“.

3. Протегнување – По будењето, а понекогаш и во текот на денот, телото автоматски посегнува по протегнување на мускулите, со цел да се подобрат циркулацијата и расположението.

4. Икање – икањето обично се јавува откако ќе се проголта преголемо парче од храната, набрзина се јаде некој оброк или поради прејадување, што го иритира пнеумогастричките нерви. Тоа директно влијае на желудникот и дијафрагмата, што резултира на икање.

5. Рефлексно движење додека тонете во сон – тоа движење е целосно рефлексно и многу чудно, како некој неочекувано да ве стресе со струја, но во прашање се спазми до кои доаѓа додека тонете во сон. Имено, наеднаш се успорува дишењето и пулсот, а мускулите се опуштаат. Мозокот тоа го доживува како потенцијална закана, па со рефлексни движења настојува да ве оддржи будни.

6. Збрчкана кожа на прстите – сите знаат дека ова се лучува кога кожата подолго време е изложена на поголемо количество влага, но помалку е познато дека телото така автоматски се обидува да спречи да не се лизнете. Кожата веднаш се прилагодува на новите, влажни услови со цел полесно би можеле да се фатите за мазната површина.

7. Губење на помнењето – тоа често се случува кај трауматични искуства. Тоа нашиот мозок не брани од непријатни сеќавања со бришење на она што би можело да ни наштети.

8. Ежење – човечкото тело се наежува за да го намали количеството на топлина која кожата ја отпушта низ порите, а се со цел полесно да се загрее.

9. Солзи – освен за заштита на мембраната на окото, експертите веруваат и дека солзите се и „емоционална одбрана“. Всушност, во однос на болката и стресот телото автоматски ги активира солзите за да се пренасочи вниманието од основната непријатност која се чувствува

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Бојата на 2017 година е светлозелената!

    Секоја година, од 2000 наваму, американскиот производител на индустриски бои, Пaнтон ја избира најмодерната боја за наредната година, па така, за следната...

    Информативна Редакцијаноември 26, 2016
  • На повидок нова кралска венчавка?!

    Откако принцот Хари ги прекрши правилата на британското кралско семејство за да ја посети својата девојка Меган Маркл во Канада, се...

    Информативна Редакцијаноември 26, 2016
  • Наместо брак десетгодишен договор за врска

    Во светот денес во просек повеќе од една третина од браковите завршуваат со развод, поради што експертите ги советуваат паровите наместо...

    Информативна Редакцијаноември 26, 2016
error: Содржината е заштитена со авторски права.