Следи нѐ
To Top

ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ФАНОВИТЕ: Адел е повторно бремена!

Една од најпопуларните британски пејачки, Адел, на својот последен концерт од нејзината северноамериканска турнеја, на обожавателите им соопшти дека е повторно бремена.

– Тоа е тоа. Се гледаме од другата страна. Чекам второ дете, изјави 28-годишната Адел пред присутните на концертот.

Тоа ќе биде второ дете на Адел и нејзиниот партнер Сајмон Конецки.

По промоцијата на својот втор албум „21“ во јануари 2011, Адел направи четиригодишна пауза од објавување нови песни и настапи. По паузата, во ноември 2015 година го објави албумот „25“, со кој постигна рекордна продажба. Во февруари и март 2017 година Адел ќе одржи турнеја во Австралија, по што, како што најави, ќе направи нова пауза.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Шоубиз

error: Содржината е заштитена со авторски права.