Следи нѐ
To Top

Променливо облачно со локален дожд – од вторник снег!

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со локален слаб дожд и со појава на магла по котлините и речни долини. Кон крајот на денот и во вечерните часови повторно ќе има врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно и врнежливо. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Од утре под влијание на влажна и студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

error: Содржината е заштитена со авторски права.