Следи нѐ
To Top

ТВИТЕР И СЕ ИЗНАСМЕА НА ИВАНКА ТРАМП: „Среќен роденден на моето 8-месечно бебе!“

Постарата ќерка на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп стана предмет на потсев на Твитер, откако на социјалната мрежа сподели фотографии од нејзиниот осуммесечен син си кои му „го честиташе роденденот“.

– Не можам да верувам дека Теодор денес има осум месеци. Среќен роденден, мое мало меченце, напиша 38-годишната Иванка под фотографија на бебето, што покрена потсмев и лавна зајадливи коментари на твитерџиите.

– Така не функционираат родендените, и порача една корисничка на Твитер.

– Се надевам дека ќе ужива во вториот роденден за четири месеци, додаде друга.

133457446

– Секако, во право сте! Но, во првата година од животот на бебето треба роденденот треба да се слави секој месец, одговори на пораките Иванка, но судејќи според понатамошната дискусија со ова „оправдување“ не успеа да се извлече.

На објавата имаше и вулгарности, но тие твитови набрзо беа избришани.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.