Следи нѐ
To Top

ДЕН НА ДРВОТО: Во среда неработен ден за сите, освен за лекарите

Согласно Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 25 ноември, а по повод спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина”, 30 ноември 2016 година (среда) е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Во соопштението од МТСП се наведува и дека на денот на акцијата градинките треба да се со вообичаеното работно време.

Датумот за одработување на овој ден дополнително ќе биде определен.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.