Следи нѐ
To Top

Со еротски песни на празнувањето на Бадник и Коледе

Христијаните во Македонија, Србија, Црна Гора и Русија го празнуваат раѓањето на Исус Христос. Обичаите се различни.

Во Македонија се дели погача со паричка за среќниот член на семејството, но претходно се палат и коледарски огнови кои во кавадаречко на пример, се придружени со пеење еротски песни, додека црквата овие обичаи ги смета за пагански…

реклама

Наместо побожни песни, во Кавадаречко со векови наназад покрај коледарските огнови се пееле песни со еротска содржина, што се смета за пагански обичај.

Коледе, леде, Дедо лежит среде, Меѓу двете баби, Со пи*ки без заби. Едната му велит: Дедо, оти дремиш, Оти ку*е носиш И крај пички постиш! Ку*от беше здрав, Дури си бев млад, натемаго…

Никола Наумчев потврдува дека оваа традиција е непроменета до денес:

-„Кај нас без изразити песните за Коледица што беа од еротичните, односно оние таканаречени „мрсни“ песни. На пример: Дедо цепе бурина, си пресече…и така натаму, или „Матен Вардар“…Овие песни беа многу интересни заради тоа што се карактеристични само за Кавадарци, така што Неготинци подруги песни пееја, а не со таква содржина. Така што и до ден денес остана ваквиот обичај актуелен.”

Во шеесетите години од минатиот век полицијата го забранувала пеењето на овие песни на јавни места. Ордан Глигоров е еден од оние кои тогаш биле приведени и парично казнети:

-„Тоа беше некаде шеесетите години и по чаршијата беше забрането да се пеат коледарски песни тогаш. Арно ама еден полициаец пред чаршија не застана и ни вика `Не смеете да пеете`. Ние му викаме: нас ни е традиција Коледица, ќе пееме па што сакате правите ни. Од тука не’ однесоа во полицијата. Ни зедоа таму податоци и не’ казнија парично, 1500 денари не’ казнија тогашни пари, ама ние сепак тоа што ни беше планирано си го истеравме.”

Денес коледарските песни со непристојна содржина никој не ги забранува, но црквата смета дека тоа е непочитување на Бога.

Свештеникот Диме Марковачев од храмот Свети Димитрија во Кавадарци за овој обичај карактеристичен за кавадаречко вели:

-„Тоа е една лоша појава кај луѓето кои се собираат на огнот и пеат многу невкусни песни, кои не одговараат со самиот празник, со раѓањето на Исус Христос. Тоа е нешто толку лошо да го слуша човек и од еден многу прекрасен празник се прави една хаотична состојба. Всушност, тоа на еден начин е ругање на Бога.”

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.