Следи нѐ
To Top

Тивка ноќ, света ноќ!

Македонскиот народ со многу внимание и почит го празнува Божик, кој започнува да се слави со Бадник.

Денот наспроти Божик се празнува со низа обичаи. Со традиционална бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во престојната година и годинава, православните христијани ќе ги дочекаат Божикните празници, претежно во кругот на најблиските.

Традиционално се собира семејството на вечера на Бадник. Народот вели – каде и да си, за Бадник дома да си!

Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна со што симболично треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. духовите на мртвите.

Специфичната традиција за македонската прослава на Бадник е во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става паричка. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на онолку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел ја бараат парата во лепчето и оној што ќе ја најде ќе се смета за најсреќен во годината што претстои.

За вечера на Бадник се приготвува посна вечера од повеќе видови јадења. Меѓу јадењета, најпочесно место заземаат посниот грав, питата со зелка или праз, посните сармички, рибите, урмите, сушените смокви, бадемите, нескршени ореви (постои верување дека ако оревот кога ќе го скршите не е црвлив, ќе имате бериќет во претстојната година), јужните овошја (мандарини, портокали), јаболката, костените и баклавата. На масата треба да стои и запалена свеќа украсена со бадниково гранче.

Обичај е по вечерата, посната трпеза да не се раскрева, туку така заедно со храната се остава така се до утрото, затоа што постои верување дека дедо Боже ќе дојде преку ноќта да се нахрани. и ќе се нахрани или, во некои места, духовите на мртвите.

Тивка ноќ, мирна ноќ!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.