Следи нѐ
To Top

Ким Кардашијан и десетици други светски ѕвезди денеска слават Божиќ

Многу познати личности од светскиот шоубизнис го слават Божик по Јулијанскиот календар. Некои го слават поради своите родители, некои поради емотивните партнери, а некои поради својата вера – православието.

Листата на светските ѕвезди кои го слават Божик на 7 јануари ја сочинуваат славни холивудски актери и пејачи.

Џенифер Анистон

Холивудската актерка Џенифер Анистон православното христијанство го наследила од таткото Џон Анистон, кој исто така се занимава со глума. Тој е роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит. Џенифер давала добротворни прилози за црквата под покровителство на Вселенскиот патријарх.

Том Хенкс

Актерот Том Хенск е роден во католичко семејство, но подоцна преминал во православие. Причината за преоѓањето е неговата втора сопруга Рита Вилсон, актерка која има бугарско-грчки корени.

– Кога ќе одлучите да се венчате со некого и да имате деца, тогаш мора да одлучите и какво духовно наследство ќе им оставите на децата – рекол Том кој во 1988 година се венчал во истата црква во која е крстена неговата сопруга.

Ким Кардашијан

Американската старлета по потекло е Ерменка. Таа е четвртата генерација на иселеници од Ерменија. Ким Кардашијан минатата година на Твитер на сите им го честита Божик на 7 јануари.

„Депеш мод“

Пејачот на легендарната група „Депеш мод“, Дејвид Гахан, ја преземал православната вера од својата сопруга Џенифер Скилаз.

Наоми Кембел

Славниот топ модел Наоми Кембел станала верник на Руската православна црква во текот на врската којашто ја имала со рускиот тајкун Владислав Дороњин.

Џонатан Џексон

Холивудскиот актер Џонатан Џексон роден е во адветнистичко семејство, но пред три години тој и неговото семејство преминаа во православието. Според неговите зборови тој решил да биде со оние кои не зборуваат многу, но даваат предност на молитвата.

Кристијан Бејл

Актерот Кристијан Бејл ја прими православната вера кога пред 15 години се ожени со Сиби Блажиќ, бивш американски модел со српско потекло.

Христос се роди!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.