Следи нѐ
To Top

Бред Пит неочекувано се појави на „Златните глобуси“ (ВИДЕО)

Иако последниве месеци преживува вистинска драма околу разводот со Анџелина Џоли, Бред Пит се појави на доделувањето на „Златните глобуси“, за да го претстави филмот „Месечева светлина“, што потоа ја доби статуетката за најдобра драма.

Бракоразводната парница трае од септември, а моментно ѕвездите водат битка околу старателството над децата. Тие пак, Новогодишната ноќ ја поминаа со Џоли, а Божик со Пит.

реклама

Гласините говорат дека Медокс одбил да се види со таткo му, пишува „Дејли Мејл“.

И покрај се, колегите со аплаузи го пречекаа Бред на црвениот тепих.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.