Следи нѐ
To Top

Вандали ја оштетиле статуата на Меси во Буенос Аирес

Непознати лица ја оштетиле статуата на Лионел Меси, која се наоѓа во „Паркот на славните“ во Буенос Аирес.

Отелотворението на еден од најдобрите аргентински фудбалери денес, беше подигнато во јуни минатата година, неколку дена по поразот на Аргентина од Чиле во финалето од Јужноамериканското фудбалско првенство.

Вандалите на споменикот му ја откршиле главата, нешто што пред извесно време се случи и со статуата на „сосетката“ на Меси во Паркот, тенисерката Габриеле Сабатини.

Покрај нив двајца, на шеталиштето можеме да „ги сретнеме“ и тенисерот Гиљермо Вилас, кошаркарот Ману Џинобили, Формула 1 возачот Хуан Фанги…

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.