Следи нѐ
To Top

Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување

Шпанската принцеза Кристина, сестра на шпанскиот крал Фелипе Шести, е ослободена од обвинението за соучесништво во затајување данок.

Принцезата беше обвинета дека му помагала во затајувањето данок на нејзиниот сопруг, поранешениот шпански ракометар Инаки Урдангарин, кој за ова дело беше осуден на казна затвор од шест години и три месеци.

реклама

Истражители од Балеарските Острови во 2014 година ја осомничија принцезата за соучесништво во оваа коруптивна афера, нагласувајќи дека таа има „граѓанска одговорност“ како и секој друг граѓанин на Шпанија, независно што е сестра на кралот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.