Следи нѐ
To Top

ГО РАЗНЕЖНИ ИНТЕРНЕТОТ: Ова бебе е неверојатно слично со пејачот Ед Шеран! (ФОТО)

Интернетот буквално „полуде“ по новата атракција – фотографија на мало бебе кое е неверојатно слично со светски познатиот пејач и носител на најголемиот хит во моментот, Ед Шеран.

Иако Ед веќе е научен да биде споредуван со многу други познати ѕвезди, како во случајот актерот Руперт Грин, од филмскиот серијал Хари Потер, сепак овој двојник е далеку поневеројатен од волшебникот Рон Визли.

реклама

Ако сличноста на ова бебе досега не ве воодушеви, почекајте да го слушнете ова, двојникот на Ед Шеран кој го полуде светот, сепак не е „двојник“, туку „двојничка“, односно се работи за женско бебе – двегодишната Исла Валтон.

За приказната да биде уште „послатка“, малата Исла е голем обожавател на музиката на Шеран!

Нејзината тетка Стејси за магазинот „Д Сан“ изјавила дека иако светот ја нарекува мини Ед Шеран, таа често знае да ја нарече бебе Шеран, поради тоа што ја сака неговата музика, пробува да збори и да игра како Ед, па дури и да пее како него.

Интернетот полуде по оваа фотографија, а замислете што би се случило доколку заедно се фотографираат, или уште подобро, направат заеднички дует. :)

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

error: Содржината е заштитена со авторски права.