Следи нѐ
To Top

Невремето во Скопје предизвика повеќечасовен прекин во услугите на Телеком

Силното невреме кое вчера го зафати скопскиот регион предизвика повеќечасовен прекин во услугите на операторот Телеком.

Поради проблеми со напојувањето беа во прекин сите комуникациски услуги, телевизијата и интернетот.

реклама

Од компанијата велат дека проблемот сега е целосно надминат.

– „Техничкиот проблем којшто се појави како последица на невремето доцна попладнево е отстранет и сите услуги на Македонски Телеком функционираат нормално. Прекин на услугите имаа корисниците во централното подрачје на град Скопје, како и дел од корисниците во останатите градови во Македонија.

Оние кои сѐ уште имаат потешкотии, ги молиме да ја исклучат опремата од напојување во период од 5 минути и прво да го вклучат рутерот, а потоа рисиверот за телевизијата. Доколку повторно се соочувате со проблеми, побарајте ги колегите во Контакт центарот на 122 да ви помогнат.

Им се извинуваме на корисниците за настанатите проблеми и благодариме на разбирањето.“ – стои во соопштението.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

error: Содржината е заштитена со авторски права.