Следи нѐ
To Top

Ленин Јовановски – Одличен (5,0)!

7.7.2017 година, година на многу премрежија, некому мајка, некому маќеа но секому важна. Интересна е датата, содржи три седмици, омилениот број на лото играчите.

Сите убави приказни почнуваат со реченицата:  „ Зад 7 планини, 7 мора и  7 долини…“  Не постои цивилизација или религија без  присутноста на бројот 7, впрочем  и Господ го создал светот за 7 дена.  Бројот 7 значи сеопфатна присутност, совршенство,  број на божји дела, на комплетност  и послушност, ги  содржи броевите 3 и 4 , што значи ги содржи светото тројство и сеопфатноста.

реклама

Не случајно имаме 7 денови во седмицата,  7 sвезди, 7 сфери, 7 степени на усовршување и 7 круни во библијата.  Добро, во приказните имаме и седум џуџиња, но во историјата 7 секретари на СКОЈ , а во поезијата Гане Тодоровски седум пати не навраќа кон мотивот трепетлика и повторно не растреперува. Адам седмиот ден ја добива Ева, Царот Соломон го гради храмот за 7 години, а Исус во евангелието по Матеј нахранил илјадници гладни  луѓе со 7 парчиња леб. 7 смртни гревови , но исто толку и доблести го гнасат  и красат  човекот.

Од  Ноевата арка спасени се 7 животни. Хипократ забележал дека  бројот 7 со своите тајни сили ги одржува  нештата во постоење, го одржува животот во кој , многу често ние жените,  посакуваме  да сме на 7 небо. На ближниот свој треба да му простиш не 7 , туку 77 пати!

Денеска, на овој датум сакаме да му го честитаме педесеттиот роденден на пријателот на popularno.mk ,  Ленин  Јовановски,  за  одличен успех (5,0) и примерно поведение во текот на својот пет децениски животен век , и една деценија достоен лидер на мото клубот Ноќни Волци Македонија.

Моторџиски е да се возиш на две тркала и да се натпреваруваш со ветрот, волчешки е инстиктивно да се бориш за  опстанокот чувајќи ја својата глутница, но пред с,е човечки е храбро и со верба во подобри времиња, да правиш добро за секого во секое време. Зад себе многу успеси но и порази, очекувања, постигнувања  но и разочарувања, добивки и загуби, радости и болки, но и патот низ животот е како возењето низ угорнини и удолнини , со нескротлив  ентузијазам за она што е пред тебе,  докажувајќи на дело дека НВ Македонија е бренд што не се купува , туку заслужува.

Оправдано присутни во сите општествени сфери , докажаа дека црната кожна јакна не е симбол на мачоизам туку на 7 доблести како  храброст, хуманост, лојалност, чесност, братство,  правдољубие и православие. Културата на управувањето со мотор е должност , одговорност и совесност, исто како и општествените ангажмани на НВ  кои се  култура на однесување, да се помогне на послабиот и немоќниот, на децата со аутистичен спектар на однесување,  на слепите лица и дијабетичарите,  да се биде на местото на настанот кога некому му се потребни физичка и морална поддршка, кога водените стихии ќе  ги поплават огништата  во татковината и во соседствата, Ноќните Волци помагаат.  

Авторитетот и  довербата што ги ужива клубот се  докажани, популарноста не е само поради познанството со претседателот Путин и перцепцијата за семоќ и севлијателност, туку напротив,  нивната моќ е сестраноста и сеприсутноста, со еден збор сеопфатноста, токму како и магијата на бројот 7.   НВ Македонија често се канети на важни општествени и државни настани. Го пречекаа, придружуваа и испратија  епископот Тихон Егоревски,  викар на патријархот Кирил Московски и на цела Русија, во јавноста познат како духовен отец на претседателот Путин.

Оправдано присутни и поканети на сите поважни општествени збиднувања од меѓународен карактер,  отворањето на конзуларни претставништва во и надвор од Македонија, присутни на дипломатски настани во Руската, Бугарската, Српската, Унгарската и Германската амбасада. За време на претседателскиот мандат на  МФМ , посетата и спектакуларниот пречек на Ленин  во   Доха – Катар беше потврда дека и мото – спортот и Мото Федерацијата на Македонија може да бидат амбасадори на својата држава,  облечени во непротоколарен но автентичен моторџиски стил. Па малку ли е за да те препознаат како патриотски клуб ?

Popularno.mk со посебен пиетет ги следеше сите поважни настани и активности на Ноќните Волци, кои учествуваа и во најголемата  светска волонтерска  акција „ Часот на планетата Земја“  симболично  исклучувајќи ги  фаровите од своите мотори заедно со уште  178 држави низ светот.

Вклучени секаде каде се поканети и добродојдени, со своите ставови и принципи се  изборија против  општествените предрасуди и митови за „лошите диви момци“ , се докажаа  како професионално реализирани граѓани ,  исклучително грижливи семејни луѓе и добронамерни пријатели.

Среќен  одличен ( 5,0)  роденден Ленин Јовановски, влезот во шестата деценија нека ти биде мирен и мудар, отвори ги портите на тие што те разбраа, прости им на тие што не те разбраа, но во наредните децении не слушај кој чука на порта – sирни низ шпиунка пред да отвориш И верувај во силата на трите седмици во датата на твојот педесети роденден!

Со љубов и почит, популарно.мк .

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Врв(на) љубов

    Почнувам со љубов, врвна љубов, а продолжувам со мислата на еден од врвните антички трагичари Есхил, во чии трагедии страдањата, крвопролевањата...

    Татјана Алексиќјули 7, 2017
  • Слобода на медиумите или распродажба на вистината како стока

    3 MAJ – СВЕТСКИ ДЕН НА СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската...

    Татјана Алексиќјули 7, 2017
  • Први мај – ден на прасето!

    Први мај – меѓународен ден на прасето (скарата), пардон, на работникот, залиен со цинизам кој се добива како микс од идеологијата...

    Татјана Алексиќјули 7, 2017
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.