Следи нѐ
To Top

СПЕКТАКЛ НА СИГЕТ: Пинк лебдеше во воздух на настапот во Будимпешта (ФОТО + ВИДЕО)

Луда забава на „Островот на слободата“ во Будимпешта!

Организаторите велат дека на вчерашното отворање на фестивалот Сигет, островот бил домаќин на повеќе од 70.000 гости од цела Европа!

реклама

Први на главната фестивалска бина настапија босанците Дубиоза Колектив, кои беа воведно загревање за канадскиот панк рок бенд Били Талент кои приредија неверојатна забава во Будимпешта.

Интересно е тоа што секоја вечер фестивалот прави тематска забава пред главниот хедлајнер, па така вчера 70 илјадната публика ја дочека ѕвездата на вечерта, Пинк, со забава со стапчиња за тропање во различни бои.

Кулминацијата на вечерта настана кога на бината се појави американската поп дива Пинк која со својот неверојатен глас, но и сценски перформанс ги остави посетителите во шок.

Се редеа голем број на хитови како „Just Give Me A Reason“ и  „Just Like Fire“, а најинтересен беше настапот на последната песна „So What“ каде Пинк буквално леташе над публиката во Будимпешта.

Фестивалот ги почитува европските правила и закони, па така забавата на главната бина заврши неколку минути по 23 часот, но затоа присутните продолжија да се забавуваат на останатите преку 30-тина бини на Островот на слободата.

Популарно.мк останува во Будимпешта да ви ја пренесува магијата од еден од најубавите европски музички фестивали, Сигет!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.