Следи нѐ
To Top

Том Одел, Д Ваксинс и Виз Калифа ѕвезди на втората фестивалска вечер на Сигет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Забавата продолжува на Островот на слободата во Будимпешта!

Помина уште една одлична фестивалска вечер која одбележа различни стилови на музика на двете главни фестивалски бини – „меин стејџ“ и „а38 стејџ“.

реклама

Програмата на главната бина започна околу 17 часот со настапот на англискиот пејач и автор Том Одел, по што следуваше тематската забава на денот – забава со преку илјада топки кои присутната публика наизменично ги фрлаше во воздух и кон бината.

Кулминацијата на вечерта беше настапот на легендарниот американски рапер и продуцент Виз Калифа кој ја забавуваше скоро 50.000 публиката со големите хитови како „Black and Yellow“, „See You Again“ и „Young Wild and Free“.

На бината од другата страна, пак, се наоѓа затворената А38 сцена каде свој настап имаа англискиот инди рок бенд Д Ваксинс.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.