Следи нѐ
To Top

СИГЕТ ДЕН 4: Рап и хип хоп на главната бина – балкански звуци на „Ворлд мјузик“ сцената (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Уште една спектакуларна вечер на фестивалот Сигет!

Преку 90.000 посетители на Островот на слободата беа само најава за ултимативната забава на четвртиот ден од најубавиот европски музички фестивал.

реклама

На главната бина се чини вечерта беше посветена на рапот и хип-хопот, но и на електронската музика.

Забавата ја започна американската раперка Иги Азелија која навистина ја вжешти атмосферата во студената Будимпешта.

Следни настапија шведското диџеј дуо Галантис кои беа најава за хедлајнерите на вечерта Меклмор и Рајан Луис кои направија ултимативна забава на Островот на слободата.

На другата страна на островот, пак, на таканаречената „Ворлд мјузик“ сцена свој настап имаше балканскиот шоумејкер Горан Бреговиќ кој ги забавуваше илјадниците посетители, главно од западните европски земји, со познатите балкански ѕвуци на песната „Калашников“.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата низ фотогалеријата:

 

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.