Следи нѐ
To Top

Најмалку 13 загинати во терористички напад во Барселона

Најмалку 13 лица загинаа откако попладнево комбе влета во пешаци во центарот на Барселона, јави шпанското радио Кадена Сер, повикувајќи се на полициски извор.

Некои други медиуми јавуваат дека во нападот се убиени најмалку 10 луѓе.

реклама

Во инцидентот, за кој полицијата соопшти дека е терористички напад, се повредени најмалку 25 луѓе.

Шпанскиот весник „Публико“ објави дека при приведувањето на возачот на комбето, што денеска удри во пешаци во центарот на Барселона, е уапсено уште едно лице.

Според весникот, приведен е Дрис Укабир, на чие име е изнајмено комбето, како и уште едно лице.

Претходно, шпанското радио Кадена Сер повикувајќи се на полициски извор јави дека во инцидентот загинаа најмалку 13 лица, а 32 се повредени.

Инцидентот се случил на улицата Лас Рамблас, популарно место во близина на Плаза Каталонија.

Локални медиуми јавуваат дека се слушнале и истрели на пазарот Бокерија во Барселона и оти две вооружени лица се забарикадирани во ресторан на плоштадот во Барселона по инцидентот со комбето.

Каталонскиот премиер Карлес Пучдемон го прекина годишниот одмор и се враќа во градот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.