Следи нѐ
To Top

Сончево и топло со мала до умерена облачност – од понеделник заладување

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20 степени, а дневната температура од 30 до 36 степени.

реклама

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.  Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 33 степени.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината. Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава.

Во недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.