Следи нѐ
To Top

Шпанскиот Супер куп за Реал Мадрид

Европскиот и шпански првак Реал Мадрид освои уште еден пехар на стартот од новата сезона. По триумфот во Супер купот на УЕФА во Скопје, Реал Мадрид синоќа и во реваншот од шпанскиот Супер куп по вторпат ја совлада Барселона и ја освои титулата.

„Кралскиот клуб“ победи со 2:0 со головите на Марко Асенсио во 4.минута и на Карим Бензема во 39.минута. Реал со вкупни 5:1 беше подобар од ривалот откако на првиот дуел победи со 3:1 на гости.

реклама

Фудбалерите на Реал Мадрид со резултатите кои ги постигнуваат соборија многу рекорди. Тие на синоќешниот натпревар по 68.ми пат во низа постигнуваат гол што претставува европски рекорд, а единствено тимот на Сантош од Бразил има подолга серија од 74 натпревари.

За Зинедин Зидан и неговата екипа останува и можноста да освојат шест трофеи во светскиот клупски фудбал, резултат што го има постигнато само Барселона под водство на Пеп Гвардиола.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Спорт

error: Содржината е заштитена со авторски права.