Следи нѐ
To Top

Еден македонски граѓанин повреден во терористичкиот напад во Барселона

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасадата во Шпанија дојде до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во Барселона.

Лицето во моментот на извршување на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата.

реклама

Лицето се наоѓа вон животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби.

Претставник од македонската амбасада во текот на ноќта се упати кон болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјанин.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.