Следи нѐ
To Top

Туристичката агенција „Савана“ преку соопштение искажа сочувство за жртвите од несреќата

Агенцијата „Савана“, која е организатор на одморот на туристите чиј автобус се преврте вчеравечер на патот Велес – Катланово објави соопштение:

„Почитувани наши сограѓани, пријатели и патници. Со неизмерна тага и болка ве известуваме, дека вчера во вечерните часови, автобусот на превозникот „Бус травел“ од Скопје, кој превезуваше дел (25 патници) од нашите туристи кои се враќаа од летувањата во туристичките места на Халкидики, на делницата од автопатот Велес – Скопје имаше тешка и трагична сообраќајна несреќа.

реклама

Во оваа страотна сообраќајна незгода, најголем дел од патниците, придружникот и возачот на автобусот, беа тешко повредени и хоспитализирани во болниците во Велес и Скопје, додека една патничка за жал, во болницата сепак им подлегна на здобиените повреди.

Изразувајќи го нашето сочувство кон семејството на починатата госпоѓа, како и искрената надеж за поскоро оздравување на другите патници, ве повикуваме да ни се придружите во нашите молитви кон Господа, за негова милост и нивно спасение“, соопшти ТА „Савана“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

error: Содржината е заштитена со авторски права.