Следи нѐ
To Top

Породување среде ураган – се роди дете со помош на лекарите преку телефон

Среде природната непогода, која ја погоди Флорида, налетот на ураганот Ирма, во една куќа во Мајами се роди девојче. 

Бебето е родено во родителскиот дом, со помош на советите, кои лекарите на мајката и ги давале преку телефон.

реклама

Пожарникарите на Мајами не можеле на време да дојдат до мајката, во предградието Мал Хаити, поради ураганот Ирма, кој ја зафати јужна Флорида, така што лекарите на болницата „Џексон“ цело породување го „извршиле“ со помош на совети преку телефон.

По раѓањето на детето пожарникарите успеале да дојдат до мајката и ја пренеле во болница.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

error: Содржината е заштитена со авторски права.