Следи нѐ
To Top

Лејди Гага ја откажа европската турнеја поради болки во мускулите

Американската поп ѕвезда Лејди Гага одложи 18 концерти од европската турнеја, бидејќи боледува од фибромијалгија.

Фибромијалгија е медицински синдром кој се карактеризира со болка по целото тело, особено во мускулите.

реклама

Лејди Гага минатата недела го откажа настапот на фестивалот во Рио де Женеиро, бидејќи ден пред концертот, поради големи болки, заврши во градската болница.

Европскиот дел од турнејата „Joanne World Tour“, кој требаше да почне во четвртокот во Барселона и да заврши на 28 септември во Келн, е откажан во целост.

Лејди Гага планира следните седум недели да се посвети на лекување со цел да се ослободи од тешките физички болки, кои и натаму и го нарушуваат секојдневието.

Фибромијалгијата нема конкретна причина ниту конкретен лек. Лекувањето се сведува на ослободување од стрес, одмор и здрава исхрана.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.