Следи нѐ
To Top

И Македонци дел од илјадниците фанови кои не успеаја да го гледаат натпреварот Барселона – Лас Палмас

Меѓу илјадниците навивачи кои беа разочарани од одлуката на раководството натпреварот Барселона и Лас Палмас да се одигра зад затворени врати беа и двајца Македонци – Матеа и Марко, кои за жал ја немаа среќата да ги видат нивните фудбалски идоли во живо.

Освен на нашите Марко и Матеа, среќата не била на нивна страна и за едно семејство од Мелбурн кое минало цели 16 илјади километри за да пристигне во Барселона, но сепак не успеаја да бидат дел од публиката на „Камп Ноу“ поради настанатата вонредна ситуација во градот.

реклама

Всушност, тричленото семејство ги резервирало билетите уште пред три месеци, а тогаш најголема желба на синчето било да го види својот идол Нејмар, кој пак веќе не е дел од Барселона. Ваквиот расплет на настаните направи да бидат многу интересни за шпанските медиуми, а бидејќи нивната приказна е навистина специфична, на социјалните мрежи почнаа да го добиваат епитетот фудбалски малери на годината…

И додека гласањето на референдумот за независност на Каталонија мина со голема тензија, неизвесност и крвави инциденти низ улиците на шпанската метропола, сепак Матеа и Марко заедно со толпата чекаа пред Камп Ноу со надеж дека ќе се отворат вратите за мечот.

Барселона прво реши да го одложи мечот, а потоа ја промени одлуката средбата да се одигра без публика, што наиде со негодување кај навивачите кои се прашуваа дали ќе ги добијат парите назад.

Како што пишува порталот спортм.мк, навивачите пополнувале формулари со барање за да им ги рефундираат средствата, а клубот на крај не дозволи да си го извалка реномето. Матеа и Марко само еден ден по одигрувањето на мечот добиле порака од сервисот за продажба на билети од клубот Барселона дека парите (во вкупен износ од 148 евра) ќе им бидат рефундирани на нивната сметка.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.