Следи нѐ
To Top

Дачиќ му запеа на турски на Ердоган, доби и бакшиш (ВИДЕО)

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ запеа синоќа пред турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на турски јазик на официјална вечера организирана од српскиот претсеател Александар Вучиќ.

На видео инсерти поставени на Јутјуб се гледа како Дачиќ стои близу масата на која се Ердоган со сопругата Емине и српскиот претседател со сопругата Тамара.

реклама

Дачиќ ја пееше песната „Осман ага“ на турски јазик. Од муфтијата Мустафа Јусуфспахиќ доби и бакшиш, објавија Вечерње новости.

Во 2013 година Дачиќ и запеа и на тогашната посредничка во преговорите меѓу Белград и Приштина, Кетрин Ештон. Тогаш ја пееше песната – Опрости ми Катрин.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.