Следи нѐ
To Top

Спотот на Еминем со дуксери на македонски јазик

Американскиот рапер Еминем сними политички мотивиран спот во кој се нафрла врз американскиот претседател Доналд Трамп.

Но, еден детал во спотот, во кој Еминем рапува опкружен со група рапери од Бафало и од Атланта, предизвика реакции на социјалните мрежи.

реклама

Раперите од Бафало, Вестсајд Ган и неговиот брат Конвеј на спотот се појавуваат облечени во дуксери со натпис „семоќниот“ на македонски јазик. Вестсајд Ган, преку неговата компанија „Гризелда рекордс“, продава маици и дуксери со натписот „семоќниот“.

Во дел на спотот на Еминем се гледа како раперите стојат со дуксери испишани на македонски јазик, а компанијата на Еминем, „Шејди рекордс“, објави и фотографија од снимањето на спотот, на која Еминем стои до раперите со натписот „семоќниот“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.