Поврзи се со нас

Популарно.мк

Сончево со мала облачност, попладне слаб ветер

Вести

Сончево со мала облачност, попладне слаб ветер

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста, повеќе во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до четири, а дневната од седум до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во недела се очекува значителна промена на времето, облачно со врнежи од дожд, на повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, повеќе кон крајот на денот и во ноќните часови према понеделник, а на планините од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните и јужните делови каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен воден талог, а на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.