Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

25.000 луѓе од над 30 земји на првиот Егзитов „Ноу Слип“ Фестивал во Белград!

Музика

25.000 луѓе од над 30 земји на првиот Егзитов „Ноу Слип“ Фестивал во Белград!

Преку 25.000 луѓе од повеќе од 30 земји ширум светот го посетија новиот Егзитов „Ноу Слип“ (No Sleep) фестивал, кој за време на трите ноќи и четири дена на 12 фестивалски локации ширум Белград собра над 100 претставници од домашната, регионалната и светската клупска сцена.

Во програмата која се одвиваше деноноќно, беа и некои од најбараните светски ѕвезди како што се Фетбој Слим или Нина Кравиц, култните имиња како Касиус, Ли Буриџ, ДЈ Тенис, Марсел Фенглер, Франсоа Икс но и ѕвездите на новата генерација, Дакс Џеј, „Ај Хејт Моделс“ и Рандомер. Љубителите на алтернативната сцена уживаа во автентичниот ѕвук на изведувачите како што се Aлекси Перала, Моли, Олоф Дреијер, Агнес Авес, Блек Мерлин, Филип Берг и Паскал Волтер, додека широката домашна и регионална селекција опфати некои од клучните актери на електронската сцена.

Журката започна во четвртокот вечерта на главната фестивалска локација, на која со антологискиот „Рејв во Хангарот“ Фетбој Слим ја држеше публиката во високоенергетски набој од првите до последните тактови, со мегахитовите како што се „Praise You“, „Right Here, Right Now“ или „Star 69“! Веќе следниот ден, со фестивалот во полн капацитет завладеаја белградските клубови „Драгстор“, „20/44“, „Марш Опен Спејс“, „Младост“, „Гадост“, „Гајба“, „Минт“, „Југовинил“, „Транзит“ и „Дот“. Една од најголемите диџејски ѕвезди на денешницата, Нина Кравиц, која атмосферата ја доведе до точка на вриење во фуриозниот двочасовен сет во Хангарот, уште еднаш го потврди статусот на лидерка на денешното техно движење, додека во чекор ја следеа младите техно магови Дакс Џеј и „Ај Хејт Моделс“. Истата вечер, „Драгстор“ го „запалија“ четири големи трап екипи, „Гасивити“, „ФАМ“, „Лаудпак Зоун“ и „Ватра“, но и францускиот техно доајен Франсоа Икс.

А по двата дена вистинска рејверска атмосфера, саботата во Хангарот беше резервирана за фановите на мелодичниот, емотивен хаус кој во вистински саботен манир беа расположени за танц и крајно опуштена, клупска атмосфера. Ноќниот симбол на Париз, клубот „Рекс“, во саботата прослави 30 години неуморно работење, а нивни музички гости во Белград беа Касиус, Ли Буриџ, Моли и Паскал Волтер, додека домаќини на оваа журка беа минимал магот Петар Цветковиќ, како и легендата на српската сцена Марко Настиќ, кој, дочекувајќи ги првите зраци на утринското сонце, официјално ја затвори главната фестивалска локација на No Sleep Фестивалот! Во ноќната програма во белградската „техно катедрала“ во саботата настапи фамозниот Олоф Дреијер, музичкиот генијалец од култната шведска група „Д Наиф“, кој со својот еуфоричен диџеј-сет ја поведе публиката на еклектично патување под препознатливиот свод на познатиот белградски клуб „Драгстор“.

No Sleep фестивал официјално беше затворен во неделата со матинето за испраќање во барот „Пржионица“, каде што настапи селекторското дуо „Акиоки“, испраќајќи го ова издание на фестивалот, кој беше покренат со своето „нулто“ издание минатата година во рамки на Егзит, а сега веќе самостојно оди кон фамилијата на истакнати електронски фестивали во затворен простор!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.