Поврзи се со нас

Популарно.мк

Петта бомба на Заев: Се следеле имејлови и разговори на фиксен телефон

Актуелно

Петта бомба на Заев: Се следеле имејлови и разговори на фиксен телефон

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска пред јавноста ја презентираше петтата „бомба“, која во најголем дел се однесуваше на уривањето на објектот Космос на бизнисменот и политичар Фијат Цаноски.

Заев меѓу другото на новинарско прашање одговори дека освен телефонските разговори преку мобилен, биле следени и фиксните телефони како и имајл комуникацијата.

На крајот на прес-конференцијата, Заев одговарајќи на новинарски прашања најави дека наскоро ќе бидат презентирани разговори кои сведочат за изборни фалсификати „какви што нормален човек не може ни да замисли“, а потврди и дека досега имале аудио снимки од шест прислушувани амбасадори на влијателни земји.

Дополнително најави информации за затворањето на телевизијата А1, но и за тоа како Груевски преговарал за името.

Во продолжение слушнете ги разговорите:

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.