//
Следи нѐ
To Top

Фустанот кој го подели светот: Некои луѓе го гледаат во златнобела, други во синоцрна комбинација

Да, добро прочитавте! Оваа фотографија од фустан објавен на социјалната мрежа Tumblr го подели светот на златно-белите и сино-црните. 

Најголемите светски портали имаа над 1,000,000 активни корисници во еден момент, што предизвика тотален колапс на светско ниво!

реклама

Фотографијата на интернет ја објавила една блогерка кога помеѓу нејзините пријатели започнала расправа за тоа каква е бојата на фустанот.

– Луѓе ве молам помогнете ми! Дали овој фустен е со бело-златна или сино -црна боја? Моите пријатели и јас не можеме целосно да се сложиме и целосно полудевме – напишала таа на својот блог.

Одговорот лежи во начинот на кој нашите мозоци ги обработуваат информациите за боите. Се што гледаме го гледаме со мозокот,, а не со очите. Нашиот мозок перципира рефлектирана светлост од предметите, и потоа му испраќаат информација на мозокот. Како светлоста може да варира од слаба до заслепувачка, нашиот мозок истата боја може да ја види различно во зависност од периодот на денот и атмосферските услови.

Спорната фотографија се наоѓа токму на своевидна когнитивна граница, и затоа различни луѓе различно ја перципираат бојата на фустанот.

Погледнете ја фотографијата и оставете коментар – во која боја го гледате фустанот?

fustan[1]

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна редакцијафевруари 27, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна редакцијафевруари 27, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна редакцијафевруари 27, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: