Поврзи се со нас

Популарно.мк

Еден час прекин во сообраќајот од Охрид до Кичево

Вести

Еден час прекин во сообраќајот од Охрид до Кичево

На патниот правец Охрид-Кичево, во сабота, од 13 до 14 часот ќе има прекин во сообраќајот.

Според АМСМ, прекинот е поради минирање во делот Врбјани – Пресека.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани по на места влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.