Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Мислам „НЕ“ кажувам „ДА“ и станувам НЕ ….

Не сакам, не можам, не знам… Колку пати сте посакале некому да кажете „не“ , а сте кажале „да“ сметајќи дека така ќе му угодите на пријателот, претпоставениот, членот на семејството или себе си.

Негацијата треба да се изговори достоинствено, делотворно и внимателно, буквално како да сте му кажале некому ДА! Така ја толкува моќта на позитивното „не“ д-р Вилијам Јуриј во својата психолошка книга „Моќта на позитивното не“. Многу често, овој харвардски професор, антрополог и медијатор, е повикуван како посредник во решавањата на судири од типот на рударски штрајкови па се до граѓански војни.

„НЕ“ е најупотребуваниот и најдеструктивен збор во секој јазик ,има разорна моќ кога не можеме да ја амортизираме сета негација во него. Страв од несакана реакција, губење пријателство, работна позиција, пречка кон целта или одмазда не туркаат во уште поголема стапица купувајќи мир во куќа (или каде и а е).

За да му угодиме на шефот ќе работиме и прекувремено во надеж за унапредување, а мал кикс или една негација шефот ќе заборави на прекувремениот ангажман (во улога на шеф може да е и вашиот најдобар пријател, партнер, член на семејството). Угодувањето е резултат на страв, а во сржта на секое деструктивно однесување е негацијата „не“. Дури и тероризмот, како најголемата закана на современиот свет, е ужасен начин да се каже „не“!

Според д-р Јури позитивното „не“ е мудра вештина на контролирање ситуации, право на слобода да се направи и да се биде тоа што се сака. Моќта нашето „не“ некој да го прифати позитивно и воспитно, е во изборот на јазични единици или како ќе се каже ( старата добра реторика „не е важно што ќе кажеш туку како ќе го кажеш“). За едно дете позитивно „не“ би било „ќе се играш кога ќе си ги завршиш обврските“ а не како што обично почнуваме со негација „нема играње дур не научиш“ ! Тајната како другиот да го прифати нашето позитивно „не“ е во покажување почит кон него, а не во отфрлање, негирање, навредување… Целта не е да се остане на негација, туку да се каже „не“ а да се дојде до „да“. И тоа е само вештина на преговори.

Моќта на преговорите е запишана уште во библијата, кога Господ му се пожалил на Аврам дека ќе ги уништи Содома и Гомора заради гревовите на луѓето, Аврам ќе се осмели и на Господ да му каже „не“ но во мудра негација поставувајќи му прашање : „Дали и невините луѓе ќе ги уништиш заради грешните“? И на најмоќното битие може да му се каже „не“ за да се дојде до „да“!

Пораката е испратена, благодарение на мислите од книгата „Моќта на позитивното не“ и кој успева да препознае и примени, значи умее достоинствено да живее. Да го цитирам за крај Мартин Лутер Кинг со мислата „Нашите животи почнуваат да завршуваат оној ден кога ќе почнеме да го премолчуваме она што е важно“. За достоинствено неделно попладне!

АВТОР: Татјана Алексиќ

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќмарт 1, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќмарт 1, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќмарт 1, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.