Следи нѐ
To Top

Во Скопје 10 сообраќајки, казнети 41 возач и 23 пешаци

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и пет се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак и еден велосипедист.

реклама

Случена е и една сообраќајна незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 30 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 11 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и 23 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, од нив на 19 пешаци покрај поканата за наплата на глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 55 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Никола Вапцаров“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.