Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Облачно со повремени врнежи од дожд, викендов голем пад на температурите и снег

Вести

Облачно со повремени врнежи од дожд, викендов голем пад на температурите и снег

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку денот ќе дува засилен јужен ветер. 

Пообилни врнежите ќе бидат во попладневните часови и ноќта према петок кога локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог.

На некои повисоки места врнежите од дожд ќе поминуваат во снег особено во северните и западните делови на земјава. На планините се очекува зголемување на снежната покривка за околу 20 сантиметри.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.