Следи нѐ
To Top

АНКЕТА: Совршен подарок за 8-ми март за македонските жени е книгата

Книгите не се само добар подарок, КНИГИТЕ СЕ НАЈДОБРИОТ ПОДАРОК. Состојба во која нашиот ум не води на патување, до таму до каде сакаме и можеме да одиме. А без недоумици, ова наше секојдневие, имаше потреба од емпириска поткрепа…

Во пресрет на Денот посветен на неа, Клуб Матица спроведе анкета со дамите од Клубот на читатели на Булеварот…

реклама

На прашањето со кого сакате да го прославите празникот, повеќе од 54% одговориле дека сакаат да бидат со семејството, а на прашањето каков подарок би сакале да добијат, дури 80% одговориле дека за нив книгата е најдобриот подарок.

На прашањето зошто книгата е најдобриот подарок, многу од членовите одговиле: Книгата е најевтиниот начин да појдеш на патување. Со нејзе можеш да се смееш и да заплачеш… да впиваш нови знаења, и да ја црпиш мудроста која ќе те носи во животот. За книгата во женската чанта секогаш има место… со книгата можете до крајот на светот и назад… Доволно е само да се заплови на страниците на кои, некој оставил траги од своето перо.

Kakov podarok sakaat zenite_ (1)

И, повторно не мора да сте подалеку од троседот во својата дневна соба… А, јунаците во романите нема да ви замерат за лошата фризура.

Од литературниот жанр, повеќе од 60% се определиле за драма и животна приказна, а најпосакувани наслови се најновите дела од Лусинда Рајли „Девојчето на гребенот“ и „Полноќна роза“, потоа „Последната пролет во Париз“ од Јелена Бачиќ, „Живот по живот“ на Кејт Аткинсон и др.

Книгите не можат да се потрошат, секогаш одговараат на бојата на косата или на очите и секако нема да предизвикаат иритација бидејќи не се за твојот тип на кожа. А за неа…секогаш ќе бидат местото каде може да биде своја…
Честит 8-ми, од Булеварот на книгите…

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ви препорачуваме

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.