Поврзи се со нас

Популарно.мк

ВИДЕО: Најмалите од градинката „Пиколини“ им го честитаа 8 Март на своите мајки

Ви препорачуваме

ВИДЕО: Најмалите од градинката „Пиколини“ им го честитаа 8 Март на своите мајки

Во Македонија вчера се одбележа Меѓународникот ден на жената – 8 Март. Ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

По тој повод, Интернационалната Градинка Пиколини, заедно со своите најмали, реши да ги изненади мајките со еден интересен гест кој ги остави без зборови. Имено, дечињата за овој ден изработија најразлични цртежи за своите мајки, кои им ги покажаа преку Скајп конекција. Сето тоа, документирано во едно видео, вчера беше објавено на Јутјуб.

„Меѓународниот ден на жената се прославува секоја година на 8-ми март. Тоа е ден за меѓународно признание на економските, политичките и општествените достигнувања на жените. Но ние во Пиколини, секоја година го празнуваме овој празник на најразличен начин. Оваа година решивме нашите дечиња да им го честитаат овој празник на своите мајки со цртежи кои тие ги нацртаа како подарок за нив, а ние се погриживме да ги исконтактираме преку скајп и да ги изненадиме со оваа видео честитка.”, вели Марина Сивакова Тасков, еден од сопствениците на Интернационалната Градинка Пиколини.

Воедно, со оваа акција интернационалната градинка Пиколини, им го честиташе празникот 8-ми март на сите жени во светот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Ви препорачуваме

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.