Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Времето денес: Облачно со сончеви периоди

Вести

Времето денес: Облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Дневната температурата ќе достигне до 11 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, но локално ќе има сеуште услови за краткотрен слаб дожд, на планините со слаб снег, особено во крајните источни и западни делови. Температурата ќе биде во постепен благ пораст. 

Според УХМР, најстудено во седум часот изутрината беше  во Маврово, – 6 степени Целзиусови, по што следат  Лазарополе со – 5,  -4 Крушево, -2 Битола, Прилеп, Претор, 0 Берово, К. Паланка, Дебар и Тетово, 1 Охрид, 2 Скопје – Зајќев Рид, Виница, Куманово, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 5 Дојран и 6 во Гевгелија.

Највисока снежна покривка има во Маврови Анови, од 83 сантиметри. Дваесет и седум сантиметри снег има во Ѓуриште, 24 Лазарополе, 23 Крушево, 20 Пожаране и 17 Пожар.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.