Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Промоција на евровизиската песна во 17 часот во дневникот на МТВ

МК Сцена

Промоција на евровизиската песна во 17 часот во дневникот на МТВ

Македонската радиотелевизија денеска во Дневникот 1 во 17 часот ќе ја промовира англиската верзија на евровизиската песна „Autumn Leaves“, со која Даниел Кајмакоски ќе ја претстави Македонија на 60-тиот Избор на песна на Евровизија во Виена.

Автор на музиката и текстот на „Autumn Leaves“ е шведскиот композитор Јоаким Персон, а за аранжманот и продукцијата се погрижи македонскиот музички продуцент Роберт Билбилов.

– Истовремено за македонската јавност ќе биде промовиран и видеозапис преку кој Даниел Кајмакоски на интересен начин ја раскажува приказната на песната, соопшти МРТ.

Екипата на Популарно.мк беше на ексклузивното преслушување на песната за новинари, а целиот материјал ќе го прикажеме по 17 часот, поради задржување на ексклузивното право на прво емитување на песната на Македонската радио телевизија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.