Следи нѐ
To Top

Облачно со температура до 10 степени

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд и слаб снег на планините во јужните и источните делови.

Во останатите делови од земјава ќе има подолги сончеви периоди и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

реклама

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од три до 10 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и ќе дува слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во следните денови се очекува времето да биде променливо облачно и релативно свежо за овој период од годината и ќе има услови за повремен слаб дожд, а на планините слаб снег. Од сабота времето и понатаму ќе биде облачно, но температурата ќе биде во пораст.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.