Следи нѐ
To Top

Уште шест нови случаи на туларемија, епидемија во Лозово

Уште шест нови случаи на туларемија се лабораториски потврдени денеска во Институтот за јавно здравје, со што вкупниот број на заболени во Македонија изнесува 19. 

Од новите шест случаи три се од општина Лозово (два од село Каратманово и еден од село Лозово), а три се од село Грушино, општина Арачиново и од кумановското село Опае, кое е ново жариште. Ова попладнево го истакна Јованка Костовска, член на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по одржаната седница  на Комисијата.

реклама

Таа посочи дека со оглед на тоа што во општина Лозово веќе има 11 случаи на туларемија, Комисијата препорачала Центарот за јавно здравје-Велес да прогласи епидемија на тоа подрачје бидејќи е нивна надлежност.

– Комисијата донесе препораки веднаш на водоснабдителните објекти или каптажите на овие засегнати места заедно со локалната самоуправа да се изврши нивно чистење, како и чистење на санитарните зони околу нив и отстранување на се што е непотребно – евентуално појава на глодари, умрени животни…, рече Костовска.

Во село Каратманово, нагласи таа, во следните десет дена секојдневно ќе се врши хлорирање на водата со специјални таблетки. Како што рече Костовска, ќе биде должност на Центарот за јавно здравје да хлорира, да го испитува нивото на хлор во водата и да ја следи состојбата во следните десет дена.

–  Општина Арачиново ќе биде задолжена да изврши чистење на каптажите. Водата таму е веќе забранета и затоа следниот период таму ќе мора да има цистерни со вода, истакна Костовска.

Исто така, потенцира таа, беа задолжени и центрите за јавно здравје и на поплавените подрачја веднаш да ја следат водата посебно во индивидуалните водоводни објекти и да го известуваат Министерството за здравство.

Костовска рече дека Комисијата за заразни болести препорачува населението ако забележи симптоми на туларемија  кај домашните животни, кај добитокот, како што се температура, оток на лимфни јазли и слично веднаш да се јават на бесплатниот телефон во Агенцијата за храна и ветеринарство 0800 32222 или до најблиската ветеринарна станица бидејќи треба да се сузбие и појава кај животните за да не се пренесува и кај луѓето.

– На седницата беше формирано координативно оперативно тело од неколку члена од Комисијата за заразни болести, кое ќе има за задача секојдневно да ја следи состојбата на терен и да види дали се спроведуваат мерките кои ги наложуваме како Комисија, додаде Костовска

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

  • Во Скопје викендов 33 сообраќајки, повредени 12 лица

    Петнаесет лица биле полесно повредени во 12 од вкупно 33 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите четири дена на подрачјето на...

    Информативна Редакцијамарт 19, 2015
  • Најстудено во Берово и во Скопје

    Најстудено изутринава во седум часот беше во Берово и во Скопје Петровец, каде што се измерени минус шест степени Целзиусови, по...

    Информативна Редакцијамарт 19, 2015
  • Најмногу снег во Лазарополе и Маврово

    Изутринава снег со послаб интензитет паѓа во Пожаране над Полошката котлина. Ноќеска врнежи од слаб снег имаше во северните делови, соопшти Управата...

    Информативна Редакцијамарт 19, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.