Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Средношколците кажаа „НЕ“ за лошите реформи во образованието

Со скандирања и транспаренти, средношколците излегоа на протест во Скопје со кој бараа целосно укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на матура.

Маршот започна нешто подоцна бидејќи средношколците ги чекаа своите пријатели од средното училиште „Раде Јовчески Корчагин“, кои пристигнаа погласни и посложни од сите.

реклама

Тие носеа и транспаренти испишани со „Сакаме иднина тука, за да не ја бараме во други земји“, „Што правите со нашето образование“, „Аргументите се на наша страна, не партиите“, Кој ако не ние, кога ако не сега“. Средношколците бараат целосно укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на матура.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Атанас Стојановски / Популарно.мк (Забранета употреба на фотографиите)

Ние сме личности. Ова кажува дека сме храбри, силни и сплотени, кажува дека сме моќни, кажува дека не ви се плашиме, кажува дека можеме да функционираме како око, неразделни, кажува дека сме позитивна нус-појава на вашата цел – нација на медиокритети, кажува не на вашите лоши реформи во образованието“, изјави Елизабета Јакимовска од Средношколскиот пленум.

Средношколците порачаа дека властите треба да се плашат од нив, бидејќи ја изнервериле нивната доверба и оти многу се моќни. Протестен марш, освен во Скопје, одржаа и средношколците од неколку градови низ земјава.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.