Следи нѐ
To Top

ФОТО: Започна тридневниот едукативен дел на Саемот за вработување „Контакт“

Вчера во просториите на ФЕИТ/МФС започна тридневниот едукативен дел на Саемот за вработување и пракса, КОНТАКТ 2015.

На првиот ден беше одржано предавање на тема: “Како да напишете професионално CV и мотивационо писмо” од Ирена Чаушевска, ко-основач и извршен директор на првиот Акцелератор во Македонија. Денес, на вториот ден од едукативниот дел ќе има предавање на тема: “Како да стигнете до успешно интервју за вработување или пракса”, предавач ќе биде Тања Таневска, менаџер на филијалата на Vox Teneo во Македонија.

реклама

Во петок со почеток во 15 часот, ќе се одржи последното предавање на тема „Како да го подобрите сопствениот Time management“, чиј предавач ќе биде Коста Петров – автор на најпродаваните книги „Се гледаме на врвот“, „Стравот“ и „Нашето последно кафе“, ТВ продуцент, експерт за односи со јавност, основач и извршен директор на Пи Ворлд.

Главната цел на овој едукативен дел е студентите преку разни предавања, тренинзи и обуки оддржувани од врвни професионалци и тренери, да имаат можност да слушнат и научат како да дојдат до подобрување на нивните професионални вештини со цел да бидат поконкуретни при аплицирањето за работа или пракса.

Освен едукативнот дел, од 6-ти до 8-ми април ќе се одржи и официјалниот дел на саемот, каде што компаниите-учесници ќе се претстават со штандови и на тој начин, ќе остварат директна комуникација со студентите.

Не заборавајте да го оставите вашето CV на www.kontakt.com.mk

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.